Home / Latest Articles / WTCR: Светската туринг титула станува неизвесна

WTCR: Светската туринг титула станува неизвесна

Годинешниот календар од осум рунди полека доаѓа при крај, со уште две рунди до завршување на ова сезона.

Оваа година Светскиот туринг караван се појави на Нирбургринг, Ешторил, Арагон, Хунгароринг, Мост и последната нова патека Поу-Арнос во Франција.

На последната рунда во Франција оживеа борбата за титула кај возачите, а се најавува неизвесност за истата кај дури седум возачи.

На Француската рунда изминатиот викенд како победници се запишаа Фредерик Вервиш и Жан-Карл Верне кои ја стопија предноста на лидерот во генерален пласман Јан Ерлаше.

Со победата во втората трка Верне се врати во блиска борба за титулата и се наоѓа на само 16 поени позади Ерлаше кој располага со 160 поени на лидерската позиција.

Но борбата за титула е возможна помеѓу повеќе натпреварувачи. Имено Естебан Гериери се наоѓа на третата позиција со 138 поени, пред Фредерик Вервиш со 131 поен.

Тука се Иван Милер на петтата позиција со 126 поени, пред Микел Аскона со 125 и Сантиаго Урутиа со ист број поени.

До крајот на сезоната на програмата во календарот се уште два тркачки викенди и тоа на патеката Адриа на 7 ноември и финалето на патеката Сочи на 28 ноември.

Лидерот во генерален пласман најави неизвесна борба за титулата:

„Пресреќен сум што освоив поени, а со тие поени сеуште водам во генерален пласман кај возачите, но мојата предност стана помала. Оваа неизвесност ќе не натера да работиме повеќе за последните два тркачки викенди, што со нетрпение очекувам. Пристапот не го менуваме, тој останува ист, одиме на највисока позиција и освојување што повеќе поени.“ – изјави младиот Ерлаше.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *