Home / Latest Articles / WTCR Словакиа Ринг: Доминацијата на Hyundai се повторува

WTCR Словакиа Ринг: Доминацијата на Hyundai се повторува

И покрај високо квалитетните перформанси на Хондите на двата слободни тренинзи, сепак Hyundai автомобилите на чело со Габриеле Тарквини доминира на квалификациите за утрешната трка, кои се одржаа во 17:55 часот.

Италијанскиот возач Габриеле Тарквини успеа да постави неверојатно време по круг (2:09.312), при што исто така ја освои и пол позицијата за утрешната прва трка од викендот. Веднаш до него од првиот ред ќе стартува неговиот тимски колега Норберт Михелис, додека 1-2-3 поредокот за Hyundai го комплетираше Иван Милер.

Орелиен Комт, позади воланот на Peugeot 308 TCR повторно покажа екстремно добри перформанси поради кои ќе стартува веднаш до Милер од четвртата позиција, додека петти најбрз на квалификациите беше Пепе Ориола (Cupra). Најбрз од Хондите овој пат беше Естебан Гериери, кој имаше шесто време, со 1.175 секунди заостанување зад Тарквини.

Седми ќе стартува Тед Бјерк (Hyundai), пред Жан-Карл Верне (Audi) и Том Коронел (Honda) на осмата и деветтата позиција. Топ десетте ги комплетираше најбрзиот од вториот слободен тренинг, Јан Ерлаше кој не успеа да постигне резултат за кој се стремеше во првата половина од денешниот ден.

Сесијата беше прекината на пет минути после стартот, откако Џон Филипи го закопа својот автомобил во зоната на излетување во свиокот број 6. Утрешната трка започнува од 12:00 часот, а се очекува екстремно интересна борба.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *