Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / WTCR: Том Коронел со болен дизајн назад во Comtoyou Racing

WTCR: Том Коронел со болен дизајн назад во Comtoyou Racing

Том Коронел се враќа во Comtoyou Racing

Возачот со најголем број на стартови во туринг трките ќе продолжи и оваа сезона во Светскиот туринг куп како трет возач за Comtoyou Racing.

Коронел ќе биде зад волан на еден од четирите нови Audi RS 3 LMS автомобили кои ќе бидат на гридот оваа сезона, заедно со неговата долгогодишна поддршка од DHL. Холанѓанецот заврши на 11-та позиција минатата година во генерален пласман, со една победа во Словачка.

Коронел кој има стартувано на преку 500 трки во неговата кариера во туринг категоријата, очекува големи резултати со Audi оваа сезона, бидејќи минатата година покажа дека може да се носи со најбрзите возачи на гридот со победа на Словакиа Ринг, но и со втора позиција во генерален пласман на половина од сезоната.

Интересен е фактот дека автомобилот е толку нов што тимот ќе мора да настапи со специјална камуфлажа на првите две рунди од сезоната бидејќи овој модел сеуште не е достапен за комерцијална употреба.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *