Home / Latest Articles / WTCR: Јан Ерлаше победник на првата трка на Зандворт, Михелис со бодичек на Милер

WTCR: Јан Ерлаше победник на првата трка на Зандворт, Михелис со бодичек на Милер

Вистинска драма на Зандворт…

Фото: brzkrug.com

Младиот возач на Munnich Motorsport Јан Ерлаше дојде до неговата втора победа во Светскиот туринг куп на првата трка на патеката Зандворт во Холандија, на која бевме сведоци на опасен инцидент кој се случи помеѓу двата Hyundai автомобили на Норберт Михелис и лидерот во генералниот пласман кај возачите Иван Милер, уште во првиот круг.

Роб Хаф, кој ја освои пол позицијата за првата трка на патеката Зандворт во Холандија, немаше баш добар старт паѓајќи од првата позиција на третата, позади Јан Ерлаше (Honda) и Орелиен Комт (Peugeot 308 TCR).

Главната драма се случи во првиот круг кога Норберт Михелис налета на Иван Милер, буквално како „бодичек“ во хокеј, удирајќи го после што автомобилот на Милер се качи на заштитната ограда, правејќи му огромна штета на автомобилот.

Трката беше прекината повеќе од 30 минути додека автомобилите да бидат тргнати и заштитната ограда да биде поправена.

Следен прекин беше поради контактот помеѓу Золт Сабо и Фабрицио Џованарди, после што автомобилот на Џованарди заврши на средина на патеката, но веднаш беше тргнат, а трката продолжи после два круга позади безбедносниот автомобил.

Ерлаше продолжи до победа, со Комт позади на втората позиција, додека Хаф успешно ја заштити својата трета позиција од честите напади од Гордон Шеден кој заврши на четвртата позиција пред неговиот тимски колега Жан-Карл Верне.

На шестата позиција трката ја финишираше Естебан Гериери, додека домаќинот Том Коронел успеа да заврши како седми. Топ 10-те ги комплетираа Меди Бенани на осмата, Натанаел Бертон на деветтата и Орелиен Панис на десеттата позиција.

Hyundai автомобилите се во опасен проблем поради балансот на перформансите, а тоа се гледа од Тед Бјерк кој беше единствениот позади волан на корејскиот производител, а заврши на 14-тата позиција.

Габриеле Тарквини се откажа на половина трка, со што исто така BRC тимот е во големи проблеми. Иван Милер сеуште е во водство во генерален пласман за 19 поени пред Тарквини и Ерлаше пред утрешните две трки.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *