Home / Latest Articles / WTCR: Honda со истите возачи, Team Engstler се приклучува во фамилијата

WTCR: Honda со истите возачи, Team Engstler се приклучува во фамилијата

Од Honda ги потврдија истите четворица возачи за Светскиот туринг куп за 2022 година, но промените се во тоа што Münnich Motorsport нема повеќе да биде одговорен за четирите автомобили.

Во последните две сезони Münnich Motorsport беа одговорни за четирите Honda Civic Type-R автомобили, но во новиот договор, познатиот Team Engstler влегуваат со одговорност за два автомобили оваа година, за Тиаго Монтеиро и Атила Таши.

Team Engstler возеа Hyundai во последните две сезони во WTCR, најпрво со i30 N TCR, а потоа со Elantra минатата сезона, а промената во Honda важи и за нивниот тим во ТЦР Германија. Тие ќе имаат поддршка од JAS Motorsport, компанијата која ги произведува Civic Type-R TCR автомобилите.

Естебан Гериери и Нестор Гиролами и оваа година ќе бидат позади волан на Honda, но сеуште не е познато дали ќе бидат под банер на Münnich Motorsport.

About vladimir

Check Also

MotoGP Катар: Првата пол позиција за Хорхе Мартин

Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *