Home / Latest Articles / WTCR: Lada Sport Rosneft со деби на финалето во Сочи

WTCR: Lada Sport Rosneft со деби на финалето во Сочи

После долги подготовки Lada ќе се појави за прв пат во Светскиот туринг куп откако Lada Sport Rosneft тимот најави појавување на финалето оваа сезона на автодромот Сочи.

Тимот се натпреваруваше во Руската ТЦР Серија од 2017 година, но ова е за прв пат како Lada Vesta Sport ќе се натпреварува на Интернационална сцена.

Од тимот беше потврдено дека како возачи се пријавени шампионот од 2020 Кирил Ладигин и неговиот тимски колега Михаел Митјаев.

Lada тимот беше дел од WTCC во Super 2000 и TC1 ерата, но исто така тие се посветија и на TCR програмата уште од 2017 година, прво возејќи Lada Vesta, која потоа еволуираше во LADA Vesta Sport.

Последната рунда од Светскиот туринг куп ќе се одржи за прв пат на автодоромот Сочи како Руска рунда од 26 до 28 ноември.

About vladimir

Check Also

WRC Монте Карло: Себастиен Леб во водство, Форме со катастрофално излетување (Видео)

На прагот на својата 48 година, Себастиен Леб стана најстариот возач кој бил во водство …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *