Home / Latest Articles / WTCR: Lynk & Co доминантни на Адриа, Јан Ерлаше се поблиску до втората титула

WTCR: Lynk & Co доминантни на Адриа, Јан Ерлаше се поблиску до втората титула

После овој претпоследен тркачки викенд кој се одржа на патеката Адриа во Италија, работите станаа појасни кога се работи за титулата кај возачите оваа година.

Сантиаго Урутиа ја започна доминацијата со победа во првата трка, откако ја освои и пол позицијата. За кратко беше пројден од Естебан Гериери (Honda), но на последниот свиок од првиот круг го врати водството, за понатаму да доминира на целата трка.

Во првата трка која изобилуваше со борба, што покажува и завршниот поредок, на втората позиција заврши Том Коронел (Audi), додека трет на подиумот се искачи Естебан Гериери (Honda).

Позади подиумот на четвртата позиција заврши Михелис, пред Милер, Вервиш, Магнус, Гиролами, Верне и Тарквини кој ги заокружи топ 10-те возачи.

Во втората трка доминираше и одржа лекција Јан Ерлаше кој воедно се наоѓа на првата позиција во генерален пласман, а со оваа победа само ја потврди сериозната борба за титула.

Позади него на втората и третата позиција на подиумот се искачија двајца возачи на Audi, Фредерик Вервиш и Жил Магнус, додека позади на четвртата позиција заврши Милер пред Тарквини, Гериери, Михелис, Бјорк, Енгстлер и Хаф, кој во втората трка ги комплетираше топ 10-те возачи.

Во генерален пласман, Јан Ерлаше ужива комотна предност од 36 поени пред Фредерик Вервиш, кој пак се наоѓа за еден поен пред Естебан Гериери.

Тесната борба за вице шампионската титула ќе се реши на последната рунда на патеката Сои во Русија на 28 ноември.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *