Home / Latest Articles / WTCR: Yokohama излегува, Goodyear влегува

WTCR: Yokohama излегува, Goodyear влегува

После долгогодишна соработка на Светскиот туринг шампионат, а во последните две години Светски туринг куп, добавувачот на гуми Yokohama ќе биде заменет со Goodyear

Во следните три сезони Goodyear ќе станат официјални добавувачи на гуми во Светскиот туринг куп WTCR. производителот ќе го снабдува ова натпреварување со најновата верзија на Eagle F1 SuperSport од првата трка во календарот во Мароко во Април.

Goodyear ја превземаа улогата како добавувачи од Yokohama кои улогата ја имаа во последните две години во WTCR, кои и претходно го снабдуваа Светскиот туринг шампионат (WTCC).

Goodyear кои имаат долга и успешна сезона историја во туринг тркањето, се вратија на Интернационалната моторспорт сцена на почетокот од минатата година во Светскиот ендуранс шампионат и Европската Ле Ман серија.

Исто така, ќе ја замени сестринската компанија Dunlop како добавувач на гуми на Британскиот туринг шампионат (BTCC) од оваа сезона.

About vladimir

Check Also

Забрзувањето на Ferrari 812 Competizione; V12 агрегат на 9.000 вртежи во минута (ВИДЕО)

Звукот на автомобилите зависи од локацијата. V8 звукот е дефиниција за уживање во Америка и …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *