Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / Yugo со 650 КС и погон 4х4!

Yugo со 650 КС и погон 4х4!

Група грчки авто ентузијасти го претсавија своето Yugo кое што го опремиле со погон на сите четири тркала и успеале да го “набилдаат” до импресивни 650 коњски сили!

Под хаубата се наоѓа добро познатиот атмосферски 1.6-литарски, 16-вентилски мотор од Fiat Bravo, чија што работна зафатнина е зголемена за 0.2 литри и е додаден турбо полнач. Секако, листата на модификации е навистина долга и импресивна.

За вградувањето на турбината била неизбежна промената на клиповите, клипњачите, составот за довод на гориво, да се вгради интеркулер…

Преносот на силата кај ова Yugo е позајмен од Lancia Delta Integrale, па затоа има можност да ги пренесе импресивните 650 коњски сили на асфалтот преку сите четири тркала.

Најдоброто време на 402 метри што успеале да го постигнат со овој ѕвер со 650 коња е 10.7 секунди, што морате да признаете дека е навистина импресивно за едно Yugo.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *